ФОТО: За улогата во филмот „Гучи“, Џаред Лето се трансформирал до непрепознатливост

Фото: Профимедиа

Папараците на снимањето на филмот во италијанската престолнина на модата го уловија актерот во никогаш забележано издание…

Американскиот актер и музичар Џаред Лето (49) е познат по својата долга коса, која стана негов заштитен знак.

Пејачот на алтернативниот рок бенд „30 Seconds to Mars“ и Оскаровец во моментот е во Милано и снима за филмот „Куќата на Гучи“, на режисерот Ридли Скот, остварување кое говори за убиството на Маурицио Гучи, во ходникот од неговата канцеларија во Милано во 1995 година.

Неговата поранешна сопруга Патриција Реџани подоцна беше затворена поради нарачување на убиството.

Лето за улогата на Паоло Гучи во една од најдраматичните приказни некогаш во модниот свет се трансформирал до непрепознатливост.

Фото: Профимедиа

Миленикот на жените на сетот е во виолетово одело и мокасини, а тоа на што не можеме да поверуваме е ќелавата глава и тоталната промена на ликот.

Инаку, Паоло Гучи во чија кожа влезе актерот бил една година потпретседател и директор на познатата модна куќа „Гучи“, додека неговиот вујко Рудолф не се одалечил од тоа работно место во 1978-та година бидејќи на сила сакал да спроведе модернизација.

Фото: Профимедиа

Починал во 1995 година од хроничен хепатитис во 64-та година од животот.

Инаку, во овој биографски криминалистички филм глуми и пејачката Лејди Гага (34) и актерот Адам Драјвер (37). На Гага и припадна улогата на Патриција, додека Маурицио го игра Адам Драјвер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот