Сузана Јошевска - Анастасовска и Арлинда Кадри-Шахиновиќ дадоа свечена изјава во Собрание - Фото: Собрание

ФОТО | Време е за интегритет, време е за одговорност – двете нови членки на Судскиот совет дадоа свечени изјави

Храбро, отчетно, одговорно и трпеливо да почнеме да се движиме во позитивен правец и да придонесуваме да се зголеми довербата во судството. Време е за интегритет, време е за одговорност. Ова е пораката на адвокатката Сузана Јошевска Анастасовска откако денеска со другата новоизбрана членка на Судскиот совет, вонредната професорка Арлинда Кадри – Шахиновиќ дадоа свечена изјава пред претседателот на законодавниот дом, Африм Гаши.

Јошевска-Анастасовска нагласи дека денеска дале изјава за лична одговорност и очекува дека заеднички ќе успеат од Судскиот совет да изградат силна институција.

– И чекор по чекор храбро, отчетно, одговорно и трпеливо да почнеме да се движиме во позитивен правец и да придонесеме да се зголемува довербата во судството. Време е за интегритет. Време е за одговорност – рече Јошевска-Анастасовска.

Собрание – Фото: Собрание

Сузана Јошевска – Анастасовска – Фото: Собрание

 

Смета дека треба да почнат со спроведувањето на новиот Закон за Судскиот совет и да ги донесат сите подзаконски акти, кои се поврзани со него.

– Сметам дека треба да почнеме да го применуваме новиот Закон за Судскиот совет, да ги донесеме подзаконските акти, кои се врзани со новиот закон, и натаму со нови сили да биде добра основа за градење силна институција – нагласи Јошевска-Анастасовска.

Арлинда Кадри-Шахиновиќ – Фото: Собрание

Кадри – Шахиновиќ не даде изјава за медиумите по свечената заклетва.

Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, им честиташе на новите членки. Потенцира дека тие се додадена вредност на Советот и оти институцијата ќе може да застане на здрави нозе и да ја остварува својата надлежна функција.

Двете нови членки беа избрани во Собрание мнозинство гласови на предлог на претседателката Гордана Сиљановска – Давкова, а на местото на поранешната претседателка на Судски, Весна Дамева и Миљазим Мустафа , чиј мандат истече. Сега преостанува да се изберат уште двајца членови чиј мандат истече.

 

Адвокатката Јошевска – Анастасовска и професорката Кадри Шахиновиќ се реформаторките кои ги предложи претседателката

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот