Фото: Слободен печат

ФОТО | Возрасен човек лежи на пешачки премин кај „Јосип Броз“ – го нападнале млади насилници

Човек попладнево лежеше на асфалтот на пешачки премин пред скопската гимназија „Јосип Броз Тито“, откако се случил инцидент во сообраќајот, по што тој, според информациите, бил нападнат од неколкумина млади насилници.

Неофицијално, напаѓачите, за кои очевидци велат дека изгледале малолетни, го извлекле човекот од автомобилот и го претепале. По инцидентот, тој останал да лежи на пешачкиот премин и не можел да стане. Очевидците велат дека сцената предизвикала вознемиреност кај минувачите.

На местото е повикана екипа на Брзата помош. Засега нема информации за здравствената состојба на човекот.

Фото: Слободен печат

Жена прегазена на улица во Карпош – возачот избегал, но полицијата го пронајде

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот