Фото: Слободен печат

ФОТО: „Во случај на итна кршина чаша“: Упатство во новите автобуси на ЈСП

Новите еко-автобуси во скопскиот јавен превоз, донирани од ЕУ, а произведени во Турција, по двомесечен застој денеска се вклучија во сообраќајот. Но, и 65-те денови во кои се чекаше да тргнат низ скопските улици, не биле доволни некој во ЈСП да забележи што всушност пишува на упатството за итни случаи, кое треба да ја наведува стандардната порака да се скрши стаклото во случај на опасност.

Пораките на англиски и на албански јазик се напишани коректно, а само онаа на македонски јазик е згрешена, и тоа на повеќе нивоа. Се чини дека таа е резултат на грешка во апликација за автоматски превод, како „Гугл транслејт“.

„Во случај на итна кршина чаша“, пишува во „шифрираното“ упатство, прилично тешко за разбирање „на прва“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот