ФОТО | Внуката на Грејс Кели повторно ужива во Хрватска: Убавата Џезмин објави фотографии во бикини!
Џезмин Грејс Грималди, внука на Грејс Кели и вонбрачна ќерка на принцот Алберт Втори од Монако, објави серија фотографии на својот инстаграм-профил на кои повторно ужива во Хрватска.
Препорачано
Откако го посети Дубровник во јуни за свадбата на нејзината пријателка Вероника Даш, таа се врати во јужна Хрватска. Во објавата се пофали како ужива на море и сподели фотографии на кои се смее и позира во бикини.
Овој пат таа ги истражуваше островите во близина на Дубровник, вклучувајќи го и островот Сикирица, кој се наоѓа околу дваесет километри западно од Дубровник.
View this post on Instagram
Да потсетиме, Џезмин Грејс Грималди е родена во 1992 година како вонбрачна ќерка на принцот Алберт Втори од Монако и Американката Тамара Ротоло, чија љубовна приказна започна во 1991 година на Француската ривиера. Принцот Алберт го признал своето татковство кога таа имала 14 години, наведувајќи ја желбата да го заштити својот идентитет од љубопитна јавност.
Јасмин не е во официјалната линија на наследување на тронот, поради што има поголема слобода од другите членови на семејството, што е очигледно од нејзините објави на социјалните мрежи.


