ФОТО: Внуците покажаа што сѐ знаат за нивната баба принцезата Дијана: Ќе се расплачеше да можеше да ги види

Profimedia
Profimedia

Принцот Вилијам и војвотката Кејт Мидлтон ги споделија на социјалните мрежи честитките што нивните деца ѝ ги упатиле на починатата баба принцезата Дијана по повод Денот на мајката што се одбележува во Велика Британија.

Принцовите Џорџ и Луис и принцезата Шарлот со заеднички сили направиле прекрасни честитки, а на официјалната веб-страница на нивните родители беше откриено дека ова е традиција што ја слават со години. Нивните уникатни ракотворби се украсени со цртежи на цвеќиња, срца и зајаци, а исто така ѝ порачале дека многу ја сакаат, дека постојано мислат на неа и дека му недостасува на нивниот татко Вилијам.

„Драга баба Дијана, многу мислам на тебе на Денот на мајката. Многу те сакам и многу му недостасуваш на тато. Ти испраќам многу љубов, Шарлот“, напишала петгодишната принцеза Шарлот.

„Драга баба Дијана, среќен Ден на мајката. Те сакам многу и секогаш мислам на тебе. Ти испраќам многу љубов“, напиша седумгодишниот принц Џорџ, додека наскоро тригодишниот Луис го напишал само своето име на зелената честитка која била украсена со шарено срце и со налепници со животни.

Со официјална порака се обратиле и Вилијам и Кејт, која била објавена покрај честитките на децата.

 

„Денот на мајката и оваа година ќе биде различен. Многумина од нас ќе бидат одделени од своите најблиски, но се радуваме на времето, не толку далечната иднина, кога повторно ќе можеме да ја прегрнеме мајката. Но, за жал  за оние на кои им е особено тешко овие денови, ова е дополнителен предизвик. Џорџ, Шарлот и Луис секоја година по повод Денот на мајката изработуваат свои честитки сеќавајќи се на нивната баба Дијана поради Вилијам. Без оглед на сè, мислиме на тебе овој ден“, напишале тие.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)


Вилијам и Кејт го објавија ова една недела по бомбастичното интервју на неговиот брат принцот Хари и Меган Маркл во кое тие го нападнаа семејството, ги обвинија за расизам, ги открија нивните лоши односи. Хари ја спомна и неговата мајка Дијана.

Видео на денот