Фото: Принтскрин / Инстаграм

ФОТО | Влатко Лозаноски направи крштевка и роденденска забава за синчето: Пејачот за првпат го покажа малиот Марко

Популарниот македонски поп-пејач Влатко Лозаноски, минатата година на 18 октомври стана татко за првпат. Тој и неговата партнерка му посакаа добредојде на својот син Марко.

Тие го чуваа во тајност раѓањето на бебето, а и месеци подоцна Лозано не објави ниту една фотографија од своето семејство и приновата, ниту зборуваше на оваа тема.

Една година подоцна, пејачот одлучи да сподели дел од својот приватен живот и на социјалните мрежи објави серија фотографии по повод првиот роденден и крштевката на неговото синче.

На дел од фотографиите може да го видиме дотераниот Марко со својот татко во Марковиот манастир, како и неколку фотографии од роденденската забавата декорирана со многу балони  и торта со мотиви на мечиња, авиончиња и детали инспирирани од патувања.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lozano (@vlatkolozanoski)

Покрај овие фотографии, Лозано објави и досега невидени моменти од малиот Марко низ месеците каде уживал во времето поминато со својот татко на најразлични локации.

„Крштевка и прв роденден на нашата радост Марко. Биди ни секогаш среќен и од Бога благословен“, напиша Лозано покрај фотографиите.

Македонската јавност со години ја следи кариерата на Лозано, но пејачот успешно ја крие приватноста и сѐ уште нема откриено која е мајката на неговото дете.

Влатко Лозаноски стана татко! Пејачот и неговата партнерка добија син

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот