ФОТО + ВИДЕО | Србинка чекори по модните писти на најголемите дизајнерски имиња: Таа е една од најубавите жени на светот
Марија Жежељ, девојката која многумина ја паметат како успешна јутјуберка, која имаше стотици илјади обожаватели од целиот регион, денес е успешна манекенка. Марија Жежељ ги носи ревиите на најголемите светски дизајнери, а оваа година носеше ревии на модните недели во Њујорк и Милано.
Препорачано
Марија која е висока 180 сантиметри е една од најбараните манекенки од Балканот во модната индустрија, пишува „Индекс.хр“.

Таа има само 23 години, а во манекенскиот свет веќе некое време постигнува големи успеси. Во 2016 година беше прогласена за лице на годината во Италија на натпреварот за убавина „The Look of the Year“, потоа потпиша договор со „Universal“ и објави песна и видео во 2017 година, а потоа се пресели на светските модни писти и во 2018 година се најде на листата на најубави жени во светот.
Минатата година таа стана заштитно лице на познатиот бренд на Ријана „Fenty Beauty“ и досега носеше ревии на најголемите брендови како Армани и Долче и Габана.




