ФОТО+ВИДЕО: Се бара повторно судење за случајот „Саздо“

Под мотото „Не сме извршиле сурови убиства“, стотици демонстранти мирно протестираа денеска од паркот во Чаир до пред Основниот суд во Скопје. Роднините на осудените во случајот „Саздо“ бараат преквалификација и повторно судење.

Фото: Слободен печат/ Дестан Јонузи

-Заедно со нашите пријатели и семејство, протестираме за правата на нашите пријатели и браќа. Го креваме гласот против неправда. Ние го изразуваме нашето спротивставување на овие одлуки. Не бараме ништо повеќе од вистината. Поминаа две и пол години откако се надевавме на правда, па затоа молчевме. Од првиот ден можевме да протестираме, но се надевавме на правда. Одлуките засновани на етничка припадност не оставија само да се надеваме. Пред две и пол години осуденици несакајќи го нападнаа покојниот Никола Саздовски и никој не го негира ова. Осудените не сакаа да му го одземат животот. Целта беше само физички напад, но заврши со случајна смрт. Завршеи спонтано без претходно планирање. Осудените не сакаа да си го одземат животот, никогаш не помислуваа на убиство, а уште помалку на сурово убиство. Постојат различни докази, но судот не сакаат да ги зема предвид – изјави братот на осудениот Бесир Бела во случајот „Саздо“.

Бесар Бела Фото: Слободен печат/Дестан Јонузи

Фото: Слободен печат/ Дестан ЈонузиТој пред демонстрантите истакна дека судската одлука е еднострана и не ја прифаќат. – Оваа одлука е неоснована, бараме укинување на одлуката, преквалификација на случајот на СУРОВО УБИСТВО, како што велат во насилство со последователна смрт, како што е и вистината. Бараме правда од врховниот суд – рече тој.

За убиството на Никола Саздовски, Скендер Демири и Бесир Бела беа осудени на по 16 години затвор за „сурово убиство“. Денешниот протест го повика навивачката група „Шверцери“, додека беше поддржан и од роднините на осудените во случајот „Монструм“ и „Алфа“. Протестот беше мирен, без оваци и инциденти.

ФОТО+ВИДЕО: Протест на „Шверцерите“ против судските пресуди

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот