ФОТО+ВИДЕО | Погледнете ја празничната бајка во домот на прекрасната Лидија Вукичевиќ!

Фото: Инстаграм

Популарната актерка Лидија Вукичевиќ го украси својот дом по повод претстојните празници и ја покажа новогодишната магија која владее кај неа.

Инстаграм

Лидија празничната атмосфера ја надополни со од елката, разни украси, фенери, и сè изгледа убаво така што актерката може да застане рамо до рамо со светските везди, кои ангажираат декоратори и трошат милиони на украсување, кога станува збор за избор на најубаво украсен дом.

Инстаграм

Актерката мислела на секој детал, па затоа нема агол што не е специјално украсен, огромната елка изгледа беспрекорно, а особено внимание привлекуваат и розите.

  • И кога ќе живееме ако не сега? Среќни празници и живејте го секој момент затоа што животот е убав – напиша актерката во описот на објавата.
Инстаграм

Лидија позираше пред елка во бањарка со чаша во раката, а сцената остави многумина без здив, па затоа доби и безброј комплименти.

Инстаграм

Инаку, Лидија неодамна ја продаде својата куќа и купи стан на Бежанијска коса, кој го украси по нејзин вкус, а сите се воодушевени од нејзиниот вкус и внимание на деталите, така што актерката покрај мини библиотека, спомени, разни фигури и слики, има и мала фонтана.

Инстаграм
Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот