ФОТО+ВИДЕО | Парис Хилтон денес полни 40 години: На роденденот нејзиното момче ја запроси со уникатен прстен!

Instagram
Instagram

Мултимедијалната ѕвезда Парис Хилтон на својот инстаграм – профил објави дека нејзиното момче Картер Реум ја запросил, денес, на нејзиниот 40-ти роденден.

Двојката се вери по повеќе од една година врска, а Парис откри во описот под видеото што го објави колку е среќна и исполнета.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paris Hilton (@parishilton)


„Кога ќе ја пронајдете вашата сродна душа, не само што ја знаете – ја чувствувате. Јас и мојата љубов сме заедно уште од првиот наш љубовен состанок, а за мојот роденден тој ме изненади со специјално патување во тропскиот рај. Додека излегувавме на вечера, Картер ме однесе на едно место украсено со цвеќиња, клекна и ме запроси. Реков „да“, да засекогаш“, напиша Парис на својот инстаграм – профил покрај видеото во кое беа разменети фотографии од свршувачката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paris Hilton (@parishilton)


„Во изминатите 15 месеци добив единствена можност да ја запознавам вистинската Парис и сум многу возбуден и среќен што таа ќе биде моја идна сопруга“, изјави Картер за магазинот „People“

Парис објави и видео запис од дизајнот на нејзиниот скапоцен веренички прстен, рачно насликан во студиото на Жан Дусе, наследникот на Луј Картие.

Да потсетиме, Парис неодамна откри дека започнала процес на ин – витро оплодување, со цел да добијат дете со Картер. Како што и самата изјави, нејзина желба е да добијат близнаци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот