ФОТО + ВИДЕО | Мултимедијален настан во чест на сите уметници во борбата против фашизмот

Мултимедијален перформанс „Истрел“

Пред неколку дена, во дворот на Министерството за култура, се случи впечатлив настан во чест на 80-годишнината од првиот истрел – Денот на народното востание на македонскиот народ, пренесува СДК.

Мултимедијалната програма беше збогатена со дел од глумците од, како што рече министерката за култура Ирена Стефоска, „ неповторливиот и поучен македонски филм ‘Истрел’ – филм инспириран од вистински настани за време на бугарската фашистичка окупација.

Ирена Стефоска/фотоМК

„Осумдесетгодишнината од првиот истрел за слобода е чин за длабока почит и длабок поклон. Отпор достоен за незаборав. Ова е најмалку што Министерството за култура може да го направи во спомен на оние кои со пушка ја создаваа, а потоа и ја одржаа националната култура жива, а со тоа, и сите нас нѐ одржаа во живот. Длабок поклон и почит за сите поети, писатели, сликари, глумци, музичари. На сите уметници кои се приклучија во Народно ослободителната и антифашистичка борба и ги запишаа, секој низ својот потпис, и болката и бесот и радоста и величественоста на партизанската одисеја. Со нас вечерва се дел и од наследниците на тие големи луѓе, антифашисти, кои знаеја колку се важни непокорот и слободата во битката и во закрепнувањето на татковината. Зборот е истрел, но и истрелот е збор“, кажа министерката, која е професорка на Институтот за национална историја при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.

Студентите од ФДУ од класата на професорката Зоја Бузалковска изведоа мини – претстава со извадоци од Манифестот на АСНОМ на повеќе јазици, а ја „оживеаја“ песната за Стив Наумов од Сенка Велетанлиќ и Зафир Хаџиманов.

Калина Малеска
Калина Малеска/ФотоМК

Писателката и професорка Калина Малеска – внука на истакнатиот македонски писател, општествено-политички работник, издавач и револуционер, автор на сценариото на првиот македонски филм „Фросина“, автор на текстот на македонската химна, Владо Малески – раскажа помалку познати факти за тоа како и каде настанала песната „Денес над Македонија“.

Во публиката беа присутни многу културни дејци, љубители на филмот, но и дел од глумците кои беа дел од „Истрел“.

Емил Рубен/Фото МК

„Македонската култура е многу поголема од нашата држава и од траењето на нашите животи. Јубилеите се тука  – да нѐ потсетат дека историјата се учи за да не се заборави, за никогаш да не се повтори“, рече министерката Стефоска.

Во прилог, погледнете го видеото и овој прекрасен мултимедијален настан:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот