Кристина Агилера - Фото: GoffPhotos.com / Goff Photos / Profimedia

ФОТО+ВИДЕО | Кристина Агилера повторно изненади со драстична промена на имиџот

Поп-ѕвездата Кристина Агилера се појави на доделувањето на наградите „Breakthrough Prize“ во Санта Моника и изненади со значително поинаков изглед, при што најголемо внимание привлече нејзината нова фризура, пренесува „Пејџ сикс“.

Таа носеше тесен црн кожен фустан со спуштени раменици, дело на дизајнерот Салих Балта, кој ја истакна нејзината фигура. Сепак, најзабележлива беше нејзината коса – краток боб, што претставува голема промена во однос на нејзината препознатлива долга коса.

Својот изглед го надополни со ланче со привезок, сребрени прстени и црни сандали со ремчиња. Шминката беше во неутрални тонови, со нагласени очи и сјајни усни, што придонесе за елегантен, но воедно и современ стил.

Нејзината трансформација предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, каде што обожавателите коментираа колку изгледа поразлично, но и го пофалија нејзиниот храбар моден избор. Многумина забележаа дека Агилера во последно време сè почесто експериментира со својот изглед и стил, што дел го толкуваат како нова фаза во нејзината кариера.

На настанот таа пристигна со својот свршеник Метју Ратлер, со кого е во врска долги години, а заедно позираа пред фотографите на црвениот тепих.

Оваа гламурозна церемонија, често нарекувана „Оскари на науката“, собира познати личности и научници и доделува награди во износ од по три милиони долари за достигнувања во области како биологија, физика и математика.

Меѓу бројните познати гости беа и Роберт Дауни Помладиот, Марго Роби, Џон Леџенд и Бил Гејтс.

Настанот е основан од извршниот директор на компанијата „Мета“, Марк Закерберг, неговата сопруга Присила Чан, Јулија и Јуриј Милнер, Сергеј Брин и Ен Војџицки.

Кристина Агилера со вршеникот Метју Ратлер – Фото: Инстаграм
Кристина Агилера со вршеникот Метју Ратлер – Фото: Инстаграм
Кристина Агилера – Фото: Инстаграм

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот