ФОТО+ВИДЕО | Како се градеше езерото Треска: Дали некогаш ќе го врати стариот сјај?

На 15-годишнината од катастрофалниот земјотрес, во 1978 година, беше завршен еден од капиталните објекти во Скопје – рекреациониот комплекс езерото Треска.

принтскрин/Youtube

Езерото Треска претставува рекреативно езеро во село Сарај, во близина на главниот град на Македонија, Скопје. Езерото се протега на површина од 136.000 м2, длабоко е од 1,6 до 3 м и има капацитет од 10.000 капачи. Целиот спортско-рекреативен комплекс е изграден во 1978 година со самопридонес на жителите на Скопје. Поради загаденоста на водата, езерото е затворено како капачки објект од 1998 година.

принтскрин/Youtube

Деновиве езерото повторно е во центар на вниманието, а ние ќе ве потсетиме на една преубава репортажа за изградбата на езерото Треска направена пред повеќе од 40 години.

Прочитајте и...  Лани починале околу 4.500 лица повеќе од вообичаениот годишен просек

Во Скопје Ромите смислија една весела песна „Скопје, Сарај, Матка, релација кратка“. Модерна беше оваа песна во времето кога со велосипеди се одеше на излет во Сарај, тогаш елитно излетиште на Скопјани…

Тогаш во Треска ретко кој се капеше бидејќи реката беше премногу студена. Вардар беше тогаш полн со плажи. Тие почнуваа од влевањето на Треска кај Бел бунар, па преку Соколската плажа во Ѓорче, прочуената Дебармаалска-руска плажа, Бунгур, па Градска, Офицерска, Три бомби…

Денес релацијата Скопје-Сарај-Матка навистина е кратка…

И така израсна ова прекрасно езеро. Со чиста синозелена вода, со четири базени за деца околу езерото, паркинзи, ресторани, киосци, се што треба за едно пријатно капење…“, од овие кратки извадоци може само да се навести што претставувала изградбата на езерто Треска за скопјани.

Прочитајте и...  Бугарите се плашат од нов „Преспански“ договор

Погледнете ја целата репортажа во продолжение.

принтскрин/Youtube
принтскрин/Youtube
принтскрин/Youtube
принтскрин/Youtube
принтскрин/Youtube

 

Поврзани вести

Вкупно 564 возила го искористиле паркингот на Водно изминатиов викенд

Слободен печат

Слободен печат

Професор Ивановски: Собирањето и рециклирањето на отпадот е голем потенцијал и нови 2.000 работни места

Излезе трејлерот од интервјуто на принцот Хари и Меган со Опра Винфри

Слободен Печат

Трамп: Нема да правам нова партија, тоа се лажни вести

Слободен печат

Оштетени штедачи на Еуростандард: Дали и докапитализацијата од 10 милиони евра е дел од криминалот?

Слободен печат

Остави Коментар