ФОТО+ВИДЕО | Излезе календарот на Пирели за 2024: Сите модели се црномурести

Фото: Инстаграм/oggustocom

„Пирели“ го претстави својот календар за 2024 година. Темата на новиот календар е безвременоста, а фотографиите се направени од фотографот од Гана, принцот Гјаси, пишува „Си-ен-ен“.

“Ако зборуваме за безвременост, мораме да ја редефинираме. Не е важно колку години имам, туку квалитетот на мојата работа. Важно е што Пирели избра уметник, а не само фотограф. Секој може да биде фотограф, но не може секој да биде уметник“, изјави 28-годишниот Принц за „Пејџ сикс“ (Page Six).

Годинешната постава на модели за календарот вклучува големи имиња како Наоми Кембел, Идрис Елба и Анџела Басет. За календарот беа фотографирани и Тива Севиџ, Маргот Ли Шетерли, Џејмес Самуел, Тејана Тејлор, Амоако Боафо и поранешниот фудбалер Марсел Десаили. Сите модели во календарот на Пирели за 2024 година се црнци.

Фото: Инстаграм/oggustocom

Принцот Гјаси е еден од најмладите фотографи кои работеле за календарот на „Пирели“. Тој е познат по неговата импресивна манипулација со бои во неговите дела.

„Кога станува збор за боите, се работи за тоа како јас ги гледам и што претставуваат. Исто така, се работи за тоа што го гледам кога ќе го слушнам нивното име. Со Идрис, снимањето беше како снимање филм. Со Наоми, повеќе беше за тоа што се претставува како личност низ нејзиното патување, а не за бојата во која ја гледам.

Полесно ми е кога имам врска со нив. На пример, веќе сум поврзан со Наоми. Таа беше на мојата прва насловна страница на списанието. Идрис е како мојот постар брат, повеќето ги познавам. Ние сме како семејство“, објаснил Гјаси.

Фото: Инстаграм/oggustocom
Фото: Инстаграм/oggustocom
Фото: Инстаграм/oggustocom
Фото: Инстаграм/oggustocom

Инаку, Наоми четири пати се појавила во календарите на „Пирели“ – во 1987, 1995, 2005 и 2018 година. За календарот првпат позирала на 16 години.

Инаку, ова е 50-то издание на календарот на „Пирели“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот