ФОТО | Венсан Касел се бакнува со 30 години помлада девојка: Сличноста меѓу неа и поранешната сопруга е неверојатна

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Францускиот актер Венсан Касел во април ги избриша сите заеднички фотографии со поранешната сопруга Тина Кунаки, а сега наводно е во врска со нејзината бразилска двојничка, пишува „Венити фер“.

Поранешниот сопруг на италијанската актерка Моника Белучи, неодамна се раздели од манекенката Тина Кунаки (26), по пет години брак. Сè уште не е познато дали парот официјално се развел, но очигледно е дека актерот многу брзо продолжил понатаму.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Имено, тој и бразилската манекенка Нара Баптиста, која е 30 години помлада од него, започнале да флертуваат преку Инстаграм, а сега се забележани дека времето го поминуваат заедно во Рио де Жанеиро.

Инаку, Нара Баптиста работи како модел и учествуваше на изданието „Мис Универзум“ во Австралија 2020 година. Но, настрана од нејзината убавина, сите коментираат дека највпечатливото кај неа е нејзината неверојатна сличност со Тина Кунаки, поранешната сопруга на Касел.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Венсан Касел и Тина Кунаки ја имаат ќерката Амазони, родена во 2019 година. Актерот има и две постари ќерки од бракот со Моника Белучи, Дева (19) и Леони (13).

ФОТО: Бившиот сопруг на Моника Белучи ужива со 23-годишната манекенка на плажа во Бразил

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот