Ана Костадиновска / Фото: Фејсбук/Ана Костадиновска

ФОТО | Ведриот дух и блиските ја одржаа по трагедијата во Кочани: Ана Костадиновска на женско патување во Италија со мајката и со ќерката

Познатата професорка по пеење и еден од нашите најдобри придружни вокали, Ана Костадиновска, замина на прекрасно женско патување во Италија. Дека „крушата под круша паѓа“ и дека уметничкиот ген едноставно не се прескокнува, докажува и друштвото со кое Ана ужива во убавините на Тоскана.

На ова патување таа е придружувана од двете најважни дами во нејзиниот живот: нејзината мајка, Кармен Костова , позната професорка по пијано во пензија, и нејзината ќерка Марта.

Низ серија фотографии на социјалните мрежи, насловени едноставно како „Bella Italia“, трите генерации покажаа како квалитетно се користи слободното време – шетајќи низ историските улици на Фиренца и позирајќи пред култната Крива кула во Пиза.

Ана и Кармен се директни чувари на македонското музичко богатство. Ана е ќерка на еден од најголемите македонски композитори, аранжери и диригенти, Кире Костов, кој остави неизбришлива трага во нашата забавна музика. По неговото заминување, неговото семејство со гордост и достоинство продолжува да го носи неговиот уметнички аманет со промоција на монографијата „Летај галебе“ во негова чест и истоимениот концерт кој се одржа лани во ноември во Националната опера и балет.

Ова патување и насмевките на нивните лица имаат уште поголема тежина ако се земе предвид низ каков животен период помина Ана изминатиов период. Таа е вистински синоним за храброст и преживеан борец, откако во март 2025 година во пожарпт во Кочанската дискотела „Пулс“ ги загуби своите колеги и пријатели од групата „ДНК“, за кои вели дека ѝ беа како семејство.

Ана оттогаш помина низ макотрпен процес на закрепнување. Но, нејзиниот ведар дух, љубовта кон музиката и, пред сè, безрезервната поддршка од мајка ѝ Кармен, ќерката Марта пријателите и учениците од „Илија Николовски-Луј“, беа нејзиниот најголем ветар во грб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот