Васил Хаџиманов и Матија Дедиќ / Фото: Инстаграм/Васил Хаџиманов

ФОТО | Васил Хаџиманов со емотивна приказна за Матија Дедиќ, тешко ја поднесе загубата

Васил Хаџиманов сподели приказна за својот покоен пријател Матија Дедиќ, чија загуба тешко ја поднесе.

На Матија Дедиќ на 2 март требаше да му биде роденден, па белградскиот џез-музичар со македонско потекло сподели нивна заедничка фотографија и напиша: „Среќен ти небесен, брате“. На фотографијата се Васил Хаџиманов со својата тетка Бисера Велетанлиќ и Матија Дедиќ со својата мајка Габи.

Фото: Скриншот/Фејсбук

Хрватскиот музичар Матија Дедиќ почина на 53-годишна возраст на 8 јуни лани. Тој беше еден од најпочитуваните џез-пијанисти во регионот, син на музичките легенди Арсен Дедиќ и Габи Новак. Неговата мајка, Габи Новак, почина на 11 август лани, на 89-годишна возраст.

„Незамисливо е што повеќе те нема, што нема да те видам повторно, но ќе останам силна затоа што најмногу се восхитуваше на мојата сила. Секогаш зборуваше дека сум силна лавица, а ти емотивна риба“, напиша ќерката на Матија, Лу Дедиќ, по големата загуба и се потсети на заедничките моменти и на темите што ги поврзувале: астрологија, нумерологија, мистерии и теории на заговор.

„Тоа беа некои од нашите омилени теми, за кои разговаравме со часови во твојата кујна со кафе и цигари. Ти благодарам за сè, за твојата грижа, нежност и добрина, за животот што ми го овозможи и во текот на кој ме чуваше како капка вода на дланка, твојата единствена ќерка. Ќе ги остварам нашите соништа и ќе те направам горда, исто како што ти ме направи мене најгорда на светот“, напиша Лу Дедиќ.

На 19 јануари во Белград почина пејачката и актерка Сенка Велетанлиќ, сопругата на пејачот, композитор и актер Зафир Хаџиманов, на 89-годишна возраст.

„Утрово нѐ напушти мојата мајка Сенка Велетанлиќ, по тешка болест. Замина тивко, достоинствено, во сон, како дама, токму како што ѝ прилегаше. Те сакам, мамо. Ти благодарам, мамо“, напиша на социјалните мрежи нејзиниот син, музичарот Васил Хаџиманов.

„Љуби ме и главата горе“: Почина српската пејачка Сенка Велетанлиќ, сопруга и најголема љубов на нашиот Зафир Хаџиманов

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот