ФОТО: Уличен уметник ги црта „најлошите портрети“ за минувачите, чинат само 3 долари

Фото: Инстаграм

Рики Браун, уличен уметник од Њујорк, се одлучил на необичен потег. Имено, тој ги црта „најлошите портрети“ кои чинат само 3 долари, а своите цртежи ги објавува на својот профил на Инстаграм под називот „навистина лоши портрети“ (really_bad_portraits). И нормално, тој е многу популарен, а луѓето просто збудалеле по неговите портрети.


Порталот „My Modern Met“ пишува како се започнало во септември 2020 година, кога уметникот седнал покрај фонтаната во паркот Вашингтон со натписот „Навистина лоши портрети за само 3 долари (по лице)“, а муштериите веднаш навалиле.


На неговиот Јутјуб канал може да се пронајде и видео, настанато пред две години, кое прикажува како изгледа неговата цртачка рутина.


Браун со маркер ги црта портретите за заинтересираните минувачи кои потоа ги фотографира со портретот во рацете.

Браун станал навистина популарец, а сега можете да го најдете секоја недела на Големиот Базар во Њујорк, кој луѓето целно го посетуваат за тој да им направи портрет. На својот Инстаграм профил Браун ги повикува своите пријатели: „Пронајдете ме во Њујорк – грди се, ви ветувам“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот