Билјана Дебарлиева / Фото: Фејсбук/Билјана Дебарлиева

ФОТО | Убави новости кај Билјана Дебарлиева, за ова досега не зборувала јавно

Билјана Дебарлиева сподели убави вести поврзани со нејзиното семејство, и на објавата на Фејсбук го означи својот сопруг, Јован Дебарлиев.

Шарматната телевизиска водителка и новинарка која е со години една од најомилените кај гледачите, на празникот Свети Трифун напиша: „Во секоја капка вино има сонце, земја и раце што со љубов ја одгледале лозата. Во оваа чаша има повеќе од вино-има труд, љубов и семејна традиција! За бериќетна година и убави моменти! Среќен Св.Трифун, денот на виното и лозарите!“.

Билјана, всушност, сподели слики од нивното вино, од семејната винарија „Деабрлиеви“ и покажа шише црно вино од сортата Вранец. За овој семеен бизнис досега таа не зборувала во јавноста.

Дебарлиева во декември 2025 прослави роденден, а според изгледот на убавата ТВ презентерка и водителка никој не би ѝ ги дал годините.
Билјана наполни 53 години, а она што ја одбележува долги години е одмереноста, стилот, елеганцијата и младешкиот изглед. При крајот на ноември минатата година, се омажи нејзината постара ќерка Ана.

„Си добив уште еден син“, напиша на Фејсбук тогаш Јован Дебарлиев, нејзиниот сопруг, по венчавката на нивната ќерка.

Ана се омажи за Стефан Бошковски, а на фотографиите може да се забележи дека младите имале убава забава со најблиските и дека очеуваат принова.

Во едно интервју за „Слободен печат“, Билјана раскажа зошто се вљубила во сопругот и што е она што најмногу го цени кај него.

„Тоа што е духовит, дружељубив, креативен, полн со идеи, авантурист. Знае да ме насмее и да ме расположи и во ситуации кога не ми е до смеење, поддршка ми е во секој момент, во секоја ситуација и во секоја моја одлука. Заедно уживаме во животот, во убавата музика, во убавото црвено вино и двајцата имаме искрена, чиста и безрезервна љубов кон животните“, рече Билјана.

Интервју со Билјана Дебарлиева: Сопругот Јован ме смее и кога не ми е до смеење, ме охрабрува кога се плашам

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот