ФОТО | Твитер полуде, на Леди Гага ѝ порачаа: „Плукната“ си Сека Сабљиќ од „Среќни луѓе“!

Иако долгоочекуваниот филм „Куќата на Гучи“ се уште официјално не пристигнал во киносалите, сепак, филмаџиите и оние со „око соколово“ ја забележаа неверојатната сличност не само модно туку и по изглед, на Леди Гага и Сека Сабљиќ.

За што подобро да се вклопи во улогата на Патриција Реџиани, од угледното италијанско модно семејство Гучи, пејачката и актерка Леди Гага помина низ неверојатна трансформација.

 


На интернет се појавија фотографиите на Леди Гага, која ја отелотвори Патриција Реџиани во филмот „Куќата на Гучи“, а регионалните твитерџии брзо ја забележаа сличноста меѓу Гага и легендарната српска актерка Јелисавета Сека Саблиќ.


Изминативе денови на Твитер беа објавени десетици објави за сличноста помеѓу Сека Саблиќ и Леди Гага, односно поточно помеѓу ликот што Сека Саблиќ што го толкуваше во „Среќни луѓе“ и ликот што го толкува Леди Гага во „Куќата на Гучи“, поточно, сите велат дека Гага неверојатно личи на легендарната српска актерка.

Фризурата, цветните костими и блејзерите, целиот овој стил на сите добро познат од деведесеттите не потсети на госпоѓа Маријана од серијата „Среќни луѓе“ во интерпретација, секако, на Сека Саблиќ.

 

Фризурата, облеката и начинот на позирање на двете актерки бескрајно ги инспирираа твитерџиите од поранешна Југославија па на Твитер под хаштагот #houseofgucci, покрај оние на Гага, сега се наоѓаат и фотографиите од легендарната Сека Саблиќ.

 

Видео на денот