ФОТО | „Трпи за убавина“: Инженер (45) троши 2 милиони долари годишно за да има тело на 18-годишник

Брајан Џонсон
Брајан Џонсон / Фото: Инстаграм/Брајан Џонсон

Компјутерскиот инженер Брајан Џонсон (45) вели дека годишно троши околу два милиони долари за да го поврати младоликата форма на телото. За да го постигне тоа, тој се изложува на ригорозен режим на исхрана, постојани испитувања и болни естетски протецедури и операции.

Технолошкиот претприемач го стекнал богатството со тоа што ја продал неговата компанија „Брејнтри пејмент“ на „Пејпал“ во 2013 година, за 800 милиони долари. Оттогаш, Џонсон е фокусиран на својот изглед и прави сè за да го запре процесот на стареење.

За да ја постигне оваа цел, која вклучува „мозок, срце, бели дробови, црн дроб, бубрези, тетиви, заби, кожа, коса, мочен меур и пенис на 18-годишник“, Џонсон вработил тим од 30 лекари и професионалци од областа за да ја надгледуваат секоја негова телесна функција, пишува „Блумберг“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bryan Johnson (@bryanjohnson_)

За да може да го спроведе овој план, надгледуван од 29-годишниот лекар за регенеративна медицина Оливер Золман, Џонсон морал да отвори и мала клиника во својот дом во Калифорнија.

Неговата вообичаена дневна рутина вклучува будење во пет наутро секое утро и консумирање дваесетина дози суплементи и лекови. Исто така, тој следи строга веганска диета од 1.977 калории дневно, вежба по еден час секој ден и легнува во исто време секоја вечер. Два часа пред спиење носи очила за заштита од сина светлина.

Секој месец, Џонсон поминува низ десетици медицински процедури, од кои некои се доста екстремни и болни, а резултатите потоа се следат со дополнителни тестови на крвта, слики од магнетна резонанца, ултразвук и колоноскопија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bryan Johnson (@bryanjohnson_)

Неделно прави хемиски пилинг и ласерска терапија. Тој вбризгува маснотии во лицето за да изгради „масна поддршка“. Џонсон тврди дека оваа процедура се разликува од филерите.

Една година откако е започнат планот, лекарите на Џонсон велат дека инвестицијата почнува да се исплати.

Интернистот Џеф Тол вели дека „сите маркери што ги следат се подобруваат неверојатно“. Лекарите велат дека Џонсон ја вратил својата биолошка возраст за најмалку пет години и дека сега има „срце на 37-годишник, кожа на 28-годишник и капацитет на белите дробови и кондиција на 18-годишник“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bryan Johnson (@bryanjohnson_)

Од друга страна, Золман е пореален кога зборува за резултатите на Џонсон. 29-годишникот тврди дека тимот не постигнал „неверојатни“, туку „постепени, разумни резултати“, за кои вели дека биле очекувани.

Она што го тера Џонсон на сè е обидот да „докаже дека самоповредувањето и физичкото распаѓање не се неизбежни“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот