Игор Џамбазов / Фото: Инстаграм/Игор Џамбазов

ФОТО | Тројца великани: Игор Џамбазов објави ретка фотографија од татко му Александар, Славе Димитров и Драган Мијалковски

Нашиот познат актер и шоумен Игор Џамбазов честопати знае да се потсети на моменти од минатото, а со својата последна објава ги воодушеви своите следбеници на социјалните мрежи.

Тој на својот инстаграм-профил сподели ретка фотографија од тројца великани на македонската музика.

Имено, Џамбазов, објави фотографија од 70-тите од својот татко Александар Џамбазов, заедно со Славе Димитров и Драган Мијалковски, пред бараките на „стара“ телевизија.

– Каква фотографија!!! Татко ми Џамбаз во средината, Славе Димитров од лево, Драган Мијалковски десно. Пред бараките на „стара“ телевизија. Некаде во седумдесетите… – напиша Игор покрај фотографијата.

Објавата за многу кратко време собра стотици лајкови и коментари, а дел од нив беа: „Великани на македонската музика и култура“; „Една слика илјада зборови“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Igor Djambazov (@igordzambazov)

ФОТО | Игор Џамбазов со емотивно сеќавање за својата мајка Анче: „28 години без тебе мајчичке… во себеси те носам“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот