ФОТО: Тој е прогласен за најсексапилен ќелав маж на светот, жените се бесни поради тоа

Instagram

Британскиот принц Вилијам е прогласен за најсексапилен ќелав маж на светот.

Да, добро прочитавте, сега се доделува и таа титула. И луѓето на интернет не се задоволни за победникот. Принцот Вилијам ја доби титулата според изборот на британскиот таблоид „Сан“, кој се водеше од следната логика во тоа истражување – анализирале написи и пребарувања на Гугл и ги барале оние што го содржеле клучниот збор „секси“.

Така, тие дојдоа до резултатот дека принцот Вилијам покрај тој збор се појавува во 17,6 милиони такви записи. Истражувањето е иницирано од хируршката група наречена „Лонгевита“, која се занимава, малку иронично, со трансплантација на коса.

Освен принцот Вилијам, во топ пет најсексапилни ќелави мажи на светот се најдоа, по овој редослед,  Мајк Тајсон, Џејсон Статам, Питбул и Мајкл Џордан. Во топ 10 се и Флојд Мејведер, Џон Траволта, Брус Вилис, Двејн Џонсон и Вин Дизел.

Majk Tajson

    Мајк Тајсон/Профимедиа

Меѓутоа, екипата на социјалните мрежи веднаш го изрази своето незадоволство од овој избор.

„Стенли Тучи, ќе ти се одмаздиме“, напишаа бројни твитерџии убедени дека оваа титула требаше да му биде доделена на актерот Стенли Тучи, ѕвездата на филмот „Ѓаволот носи Прада“.

Некои дури напишале и списоци на мажи кои се посексапилни од принцот Вилијам, а ова се само некои од реакциите на изборот.

Glumac Stenli Tuči otkrio kako se oseća 11 godina posle gubitka supruge: "I dalje je teško..." - Telegraf.rs

                                                                Стенли Тучи/Профимедиа

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот