ФОТО | „Ти сѐ уште си дете“: Мили Боби Браун се сврши со синот на Џон Бон Џови

Фото: Инстаграм/Мили Боби Браун/Џејк Бонџови

Младата актерка и ѕвезда на серијата „Stranger Things“, Мили Боби Браун (19) откри дека е свршена со своето момче Џејк Бонџови (20).

Имено, таа објави симпатична фотографија на својот инстаграм-профил, на која позира со својот дечко, кој е син на легендарниот рок-пејач Џон Бон Џови од музичката група „Бон Џови“.

Тинејџерската ѕвезда, насмеана од уво до уво, го покажа блескавиот прстен во прегратките на својот свршеник на црно-бела фотографија која бргу наиде на вртоглави реакции. Поради овој убав повод, младата двојка позираше на плажа.

„Душо, те сакав три лета и сакам да биде вака засекогаш“, напиша младата актерка во описот на фотографијата.

Фото: Скриншот/Инстаграм

И Џејк Бонџови ја потврди веста на неговиот инстаграм-профил, објавувајќи неколку фотографии од истата фотосесија и додавајќи го краткиот опис: „Засекогаш“.

Фото: Скриншот/Инстаграм

Додека нејзините многубројни обожаватели беа воодушевени од објавата, на некои не им се допадна веста, посочувајќи дека актерката сѐ уште е „само дете“.

Имено, Мили Боби Браун и Џон Бон Џови се запознаа пред три години, а актерката неодамна раскажа како се случило тоа. Таа откри дека пред да влезат во романтична врска, тие се запознале на Инстаграм и дека на почеток биле пријатели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот