ФОТО | „Тејст атлас“: Македонскиот мазник се најде на 38-то место на најдобри солени печива
Македонија е позната по својата богата кулинарска традиција, а реномираната веб-страница за храна и гурмани „Тејст атлас“ (Taste Atlas), која ги оценува традиционалните јадења од целиот свет и дава увид во гастрономските специјалитети, редовно објавува листи на најдобрите јадења.
Препорачано
Овој пат „Тејст атлас“ ги рангираше најдобрите солени печива, а на нивната листа Македонија се најде на 38-то место со познатиот мазник.
View this post on Instagram
Скромен, но исклучително вкусен, мазникот ѝ даде место на Македонија на оваа престижна листа, рамо до рамо со некои од најпознатите светски солени печива. Мазникот се состои од тенки слоеви на кори, печен до совршена златна кора, е дел од секојдневието на многу македонски семејства.
Мазникот или вртена пита, е традиционална македонска пита која може да се наполни со различни состојки како што се сирење, спанаќ, јајца, месо, праз или зелка.
Да потсетиме, македонскиот ајвар беше избран за најдобро мезе во светот за 2023 година.
Рангирањето на храната на „Тејст атлас“ се заснова на оценките на публиката на оваа реномирана веб-страница, со низа механизми кои препознаваат вистински корисници.
Рангирањето на „Тејст атлас“ потврдува дека македонската кујна е препознаена во светот, но исто така дава можност за понатамошна промоција и подобрување на гастрономскиот туризам. Во ерата на глобализација, каде што модерните ресторани експериментираат со иновативни пристапи кон традиционалните јадења, Македонија има шанса уште повеќе да ја афирмира својата кулинарска сцена.
„Тејст атлас“ ги објави 10-те најлошо рангирани македонски јадења: Листата многумина ќе изненади!
„Тејст атлас“ ги објави 30-те најдобри македонски јадења: Што да јадете во Македонија?


