ФОТО | Татко им во затвор, тие се забавуваат: Близначките на Диди во идентични фустани прославија матура
Ќерките близначки на Шон Диди Комбс прославија матура во идентични фустани, додека на нивниот татко му се суди за низа злосторства.
Препорачано
Имено, близначките Д’Лајла и Џеси Комбс (18) кои јавно го поддржаа својот татко на судот во Менхетен, но и неколку пати ја напуштија судницата за време на судењето бидејќи не можеа да ги поднесат морничавите детали што ги презентираа сведоците, се појавија буквално последни на прославата по повод матурата.
Прославата била организирана во Лос Анџелес, а кога еден школски другар ги прашал зошто доаѓаат последни, тие кратко одговориле: „Забавата не почнува додека не влеземе. Најдоброто го оставивме за крај.“
View this post on Instagram
Близначките беа облечени во црвени фистани долги до подот, а нивните голи рамена и грбови им даваа доза на сексапил, а судејќи според нивните објави на социјалните мрежи, тие се забавувале лудо.
Да потсетиме, нивната мајка, Ким Портер, почина во 2018 година, а за време на љубовната врска со Диди, таа го доби и синот Кристијан. Од претходна врска, Портер го доби и синот Квинси.


