Татјана Стојановска / Фото: Инстаграм/Татјана Стојановска

ФОТО | Татјана Стојановска и Михаил имаат голема причина за среќа и честење

ТВ-презентерката Татјана Стојановска имаше убав повод за славење во кругот на најблиските. Нејзиниот сопруг, Михаил Китановски, го прослави својот 55-ти роденден, а Татјана сподели дел од атмосферата со своите следбеници на социјалните мрежи.

Преку куси видеа и фотографии на својот инстаграм-профил, придружени со безвременските хитови “Happy Birthady“ на Лени Кравиц и „Forever Young“ на групата „Алфавил“, таа покажа како се славеше во еден скопски локал со жива музика, пријатели и роденденска торта со бројката 55.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Татјана и Михаил важат за еден од најскладните, но и најдискретните парови на македонската јавна сцена. Нивната љубовна приказна трае повеќе од една деценија. Иако со години живееја заедно, тие одлучија официјално да го кажат судбоносното „да“ во јуни 2023 година.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Нивната свадбена прослава беше организирана токму на десетгодишнината од почетокот на нивната врска. Во кругот на најблиските пријатели, колеги и семејството, парот направи убава забава во познат скопски ресторан каде што ја крунисаа својата долгогодишна љубов. Михаил, кој по професија е економски консултант и бизнис-аналитичар, и Татјана честопати во јавноста истакнуваат дека за нивната врска клучни се меѓусебното почитување, слободата и поддршката која си ја даваат во кариерите.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

„Пред точно 10 години, на 10 јуни 2013 година, Михаил ме побара за жена на нашиот прв одмор во Грција, и тогаш по неколку месеци од запросувањето, почнавме да живееме заедно. И точно на 10-годишнината од запросувањето, стапивме и официјално во брак. Беше весело благодарение на групата ‘Соната’и бисерниот глас на Кате, како и на нашите весели гости“, рече пред три години Татјана за „Слободен печат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот