Лара Иванова - Фото: Инстаграм

ФОТО | Таа е балерина и пејачка, но изгледа како модел: Лара Иванова е доказ дека убавината е резултат на здрав живот

Пејачката и балерина Лара Иванова уште од својата 6-годишна возраст паралелно посетувала основно музичко и балетско училиште. Нејзината кариера започна во 2010 година со настап на детскиот фестивал „Супер ѕвезда“ со песната „Фабрика за насмевки“ и од тогаш до денес таа нижи успеси на овие полиња.

Сепак, не само гласот, туку и изгледот е оној по што е препознатлива. Пејачката често објавува фотографии на своите социјални мрежи на кои изгледа како топ-модел, а во неколку наврати изјави дека зад тоа стојат здравиот начин на живот, редовното вежбање, големата количина течности и исхрана богата со овошје и зеленчук.

Лара овие топли денови ги поминува порај море, иако дестинацијата не ја откри, таа објави низа фотографии од плажа во дводелен костим за капење со кои уште една докажа дека убавината во најголем дел е резултат на здрав живот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lara Ivanova (@_lara.iv_)

Лара неодамна нагласи дека менталното здравје е исто толку важно како и физичкото и дека тоа директно влијае на нашите навики во исхраната и физичката активност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот