ФОТО | Стариот Холивуд се врати на Златните глобуси: Памела Андерсон како Кетрин Хепберн, Аманда Сејфрид како Грејс Кели
На црвениот тепих на доделувањето на наградите Златен глобус во неделата, ѕвездите пропатуваа назад во времето на стариот Холивуд.
Препорачано
Според стилистката на славните личности, Рошел Вајт, забележливо е дека ѕвездите црпеле директна инспирација од модата на 40-тите, 50-тите и 60-тите години од минатиот век.
Пердувите, светките и фризурите со кадрици коишто доминираа на црвениот тепих во Беверли Хилс во неделата потсетуваат на некои многу славни дами од минатото, вклучувајќи ги Грејс Кели, Рита Хејворт и Ава Гарднер.
„Имаше вистински акцент на кинематографскиот гламур. Можев да забележам акцент на вајаните половини, сатенот, некогашните холивудски деколтеа, ракавиците и друго. Навистина се даде почит на женствената форма. Мислам дека визуелното раскажување приказни беше навистина на исто ниво со класичниот Холивуд“, рекла Вајт.
Рошел додала дека ова може да сигнализира почеток на нов моден циклус, оној „каде што облеката повторно може да биде убава, драматична и привлечна за око“.
„Дејли мејл“ дава осврт на винтиџ модата која доминираше на наградите Златен глобус.
ФОТО | Модата на Златните глобуси 2026: Филмските ѕвезди блеснаа на црвениот тепих
Аманда Сејфрид
Аманда Сејфрид ги врати обожавателите во 1950-тите со својот ангелски ансамбл од „Версаче“ додека присуствуваше на доделувањето на наградите, номинирана за нејзината улога во „Тестатот на Ен Ли“ и „Лонг Брајт Ривер“.

Нејзиниот фустан без рамена, украсен со дијаманти од „Тифани“, изгледаше како да е инспириран од актерката Грејс Кели, особено нејзиниот бел фустан со отворени рамена од 1954 година.

Дополнителна сличност беше кратката руса фризура на Аманда, која беше стилизирани во бранови во стилот на стариот Холивуд, изглед по кој Грејс била позната и обожавана.
Џенифер Лопез
Џенифер Лопез обожава фустани кои ја истакнуваат нејзината фигура во облик на песочен часовник, а на црвениот тепх таа се одлучи за проѕирен винтиџ фустан од Жан-Луј Шерер.

Силуетата, сепак, потсетуваше на фустан од 1956 година што го носела велшката пејачка Ширли Беси. Иако нејзиниот не бил проѕирен, тој сепак го истакнувал телото на ѕвездата и додавал дополнителен сјај со крзнениот раб.
Слично како Ширли, и Џенифер се појави со собрана коса, нагласувајќи го својот изглед уште повеќе.
Кајли Џенер
Кајли Џенер блескаше во метален фустан со корсет од „Аши студио“ и додатоци со светки од Лорејн Шварц, придружувајќи му се на својот партнер Тимоти Шаламе.

Во 1967 година, Џејн Менсфилд се одлучила за сличен изглед во сатенски бел фустан кој имал слични вкрстени прерамки низ деколтето.
Слично како и 28-годишната Кајли, таа додала допир на сјај со нејзината блескава чанта.
Паркер Пози
Ѕвездата на „Бел Лотус“, Парки Пози, блескјаше во златен раскошен фустан од „Родарт“, но токму поради силуетата на овој фустан почнаа да ја споредуваат со легендата на стариот Холивуд, Софија Лорен.

Во 1958 година, италијанската актерка воодушевила кога излегла во тесен корсет што се протегал во лелеаво здолниште.

Мила Кунис
Мила Кунис изгледаше доста елегантно во фустан од Каролина Херера. Ретро силуетата на фустанот потсеќаше на креацијата на Одри Хепберн во хит филмот „Сабрина“, дизајниран од Хубер де Живанши.

Слично како легендарната Одри, изгледот на Мила беше впечатлив благодарение на драматичните црно-бели бои и нежните цветни дизајни.

Памела Андерсон
Памела Андерсон со својот изглед докажа дека може да изгледа впечатливо во стилот на која било деценија.
Во бел фустан од Ферагамо, 58-годишната актерка ја олицетвори главната дама Кетрин Хепберн во 1940 година.

Двата фустани се со мошне скромни силуети кои го покажуваат материјалот и уметноста што се вложуваат во создавањето. Додатоците исто така биле слични кај двете, носеле дијамантски ѓердани и едноставни црни потпетици.
Ана де Армас
Актерката Ана де Армас предизвика споредби со иконата на стариот Холивуд, Ава Гарднер, во елегантен црн фустан од „Луј Витон“ со шлиц на страна.

Актерката, која го осветли црвениот тепих во својот блескав фустан, го олицетвори привлечниот монохроматски фустан што го носела Ава Гарднер во 1952 година, која го комбинирала со мрежести хулахопки.
Џенифер Лоренс
Главната тема на вечерта беше Џенифер Лоренс во едвај видлива, проѕирна тоалета. Дизајнирана од „Живанши“, проѕирниот фустан беше украсен со нежни розови и зелени цветови.


Иако златното доба на Холивуд не било толку експериментално, нејзиниот изглед потсетува на цветниот чипкан фустан што го носела Рита Хејворт во 1942 година, нагласен со проѕирен корсет.


