Земјата снимена ноќе од „Артемис 2“/Фото: Принтскрин/Инстаграм/НАСА

ФОТО | Спектакуларна глетка: Астронаутите од мисијата „Артемис 2“ испратија фотографии од Земјата

Четири астронаути од мисијата „Артемис 2“ на Месечината ги испратија првите фотографии од Земјата, а астронаутот на НАСА, Виктор Гловер од капсулата Орион ја опиша нашата планета: „Изгледаш неверојатно. Изгледаш прекрасно.“

Земјата снимена ноќе од „Артемис 2“/Фото: Принтскрин/Инстаграм/НАСА

Гловер, неговите американски колеги Кристина Кох и Рид Вајзмeн и канадскиот астронаут Џереми Хансен се првите луѓе што патуваат на Месечината по повеќе од 50 години.

Астронаутот Кристина Кох ја набљудува Земјата од „Артемис 2“/Фото: Принтскрин/Инстаграм/НАСА

Тие полетаа во среда во капсулата Орион со помош на ракетара „Спејс ланч систем“ од вселенското пристаниште „Кејп Канаверал“ во американската држава Флорида.

Околу 24 часа подоцна, тие ја напуштија орбитата на Земјата со посебен маневар. По околу 24 часа подоцна, тие завршија околу половина од своето патување до Месечината. Во овој период, астронаутите спроведоа бројни научни тестови и задачи за обука.

Се очекува мисијата да трае 10 дена.

Астронаутот Рид Вајзмен ја набљудува Земјата од „Артемис 2“/Фото: Принтскрин/Инстаграм/НАСА

„Артемис 2“ се надоврзува на искуството стекнато во текот на беспилотната мисија на „Артемис 1“ во 2022 година. Се очекува екипажот да помине околу 10 дена во вселената во капсулата „Орион“ и да лета околу Месечината пред да се врати на Земјата.

За Гловер, Кох и Вајзмен, ова е втор лет во вселената, додека за Хансен е прв. Кох е првата жена на мисија на НАСА на Месечината, Гловер првото лице кое не е белец, а Хансен е првиот Канаѓанец.

Снимка од вселената на „Артемис 2“/Фото: Принтскрин/Инстаграм/НАСА
Снимка од вселената на „Артемис 2“/Фото: Принтскрин/Инстаграм/НАСА

ВИДЕО | Успешно полетување на мисијата „Артемис 2“ кон Месечината – прва со човечки екипаж по половина век

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот