Бјанка Ценсори / Фото: Profimedia

ФОТО+ВИДЕО | Бјанка Ценсори повторно шокира, пристигна на суд закопчана до грло

Бјанка Ценсори, сопруга на раперот и дизајнер Канје Вест се појавила во четвртокот како сведок во граѓанската парница што го потресува деловниот свет на Вест. Тужбата ја поднел Тони Саксон, поранешен менаџер на проектите, кој бара неисплатени плати и тврди дека бил принуден да работи во небезбедни услови. Поводот е реконструкцијата на вила вредна 57 милиони долари во Малибу.

Ценсори, австралиска архитектка и модел, позната по своите контроверзни комбинации на облека кои редовно ги полнат насловните страници, овој пат била покриена од глава до пети. Црниот кардиган, долгото здолниште и диоптриските очила ја направиле едвај препознатлива, а единствената трага од нејзиниот вообичаен стил останаа нејзините високи потпетици. Бјанка изгледала фантастично во оваа модна комбинација.


Бјанка Ценсори речиси никогаш не се појавува јавно во толку затворено издание. Во последните месеци, таа стана позната по исклучително оскудни, провокативни и честопати речиси голи комбинации кои редовно предизвикуваат шок и неверица. Проѕирни фустани, тесно боди, мрежести хулахопки и парчиња кои откриваат повеќе отколку што кријат станаа нејзин заштитен знак, а секое нејзино излегување го привлекува вниманието и на јавноста и на социјалните мрежи.

Инаку, Канје Вест планирал драстично реновирање на куќата во Малибу вредна 57 милиони долари, но амбициозниот проект кулминирал со тужба. Адвокатите на Саксон тврдат дека клиентот работел без соодветна заштита и дека парите никогаш не биле исплатени.

Славниот пар сега мора да одговара пред судот.

Бјанка Ценсори му постави брутален ултиматум на Канје Вест бидејќи „сака повеќе слобода“

Бјанка повторно парадираше по улиците во необичен стајлинг: Се обиде да ги „сокрие“ градите со пердуви и ѓердан од бонбони

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот