Фото: Принтскрин / Инстаграм

ФОТО | Сонце, плажа и водени лудории: Сара Мејс и Димитар Атанасовски максимално уживаат во летниот одмор со децата

Македонската пејачка Сара Костадиновска, позната како Сара Мејс и водителот Димитар Атанасовски споделија моменти на социјалните мрежи од летниот одмор со нивните дечиња – шестгодишната ќерка Илина и тригодишниот син Кирил.

Семејството одлучи да ужива во убавините на грчките плажи и максимално да ги искористат летните денови, а сега им открија дел од семејната идила на нивните следбеници.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sarah Mace (@sarahmace__)

На фотографиите кои ги споделија, може да се види како четворицата поминуваат време одмарајќи и читајќи книги покрај зајдисонце, но се забавуваат и со различни водени лудории и активности на плажа.

Објавата од нивниот одмор покажа дека Сара и Димитар живеат хармоничен, семеен живот исполнет со многу забава и предизвики голем број позитивни реакции меѓу следбениците.

Во интервју за „Слободен печат“, Сара неодамна изјави дека мајчинството стопроцентно ја променило.

„Речиси ништо не остана од старата Сара. Остана суштината, секако љубовта и секогаш спремноста да се гине за работите што се сакаат, но ме научи на многу важни работи, како на пример, уште повеќе да си го почитувам времето, спокојот. Не се опишува начинот на кој те менува мајчинството, тоа е една магија што е индивидуално патешествие и може да се разбере само кога ќе се доживее“, изјави таа за нашиот медиум.

Сара и Димитар се во брак речиси една деценија, од 2017 година, а пејачката вели дека функционираат така што се договараат околу сè.

„Функционираме со договор, разговор, многу разбирање и желбата да ни е добро на двајцата, а не едниот да гине, а другиот да се лади. Секогаш ги делиме обврските колку можеме поудобно за двајцата и на начин што во тој даден момент ќе функционира добро за двајцата, односно четворицата. Зависи, нели, во каков хаос сме, зошто кај нас не е од 8 до 16 часот работата, туку во различни периоди имаме различни обврски“, изјави пејачката за „Слободен печат“.

Интервју со Сара Мејс, пејачка и харфистка: По 8 години брак со Диме станавме помудри и поискусни да не подлегнуваме лесно на проблемите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот