ФОТО: Со што безобразно богатите руски деца го разбеснеа светот?

Фото: Инстаграм

Години наназад безобразно богатите деца во светот предивикуваат гнев на Инстаграм каде постојат профили посветени исклучиво на нивното луксузирање и расфрлање со парите од мама и тато во кои тие буквално безобразно уживаат, фалејќи се со нив, додека од друга страна постојат деца кои немаат ниту еден топол оброк во денот.

Меѓу оние кои особено знаат како да се истакнат дека уживаат во парите на своите родители се најдоа и богатите деца од Русија, чии фотографии од приватниот живот можете да ги најдете со хаштагот richrussiankinds, но тие не се единствени, па така буквално во секоја земја има профили со деца од овој карактер.

На овој Инстаграм профил можете да видите бунди, јахти, шампањи, импланти, козметички операции, скапи автомобили, скапи часовници, скапи оброци со злато и сите други замисливи и незамисливи облици на луксузот.

Девојките носат најскапа гардероба, момчињата со друштво поминуваат време уживајќи на јахтите, за миленици тие дури имаат и тигри, а пари имаат во толкава количина што буквално ги фрлаат и во ВЦ школката.

Нивната слава во еден момент стана толку голема што го налути дури и рускиот претседател Владимир Путин, а откако започна глобалната корона криза, профилот на Инстаграм е заклучен и пристап до него може да имаат само избрани лица. Дали и вие сте меѓу нив?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот