ФОТО| Со години беа разделени: Кортни Кардашијан и Скот Дисик повторно заедно?

Instagram
Instagram

Кортни Кардашијан и Скот Дисик се омилен пар на многу љубители на реалните шоуа кои го следат животот на семејството Кардашијан.

Иако никогаш не се венчаа, нивната вонбрачна афера траеше со години, а тие негуваа пријателска врска и по раскинувањето, за нивните три деца да не поминат низ емотивна криза. Иако и двајцата беа во врска со многу помлади партнери, се чини дека раскинувањето само им помогна на двајцата да разберат колку всушност се сакаат.

Instagram
Instagram

По роденденското патување на Ким Кардашијан, парот сподели неколку неверојатно романтични фотографии, кои ги натераа обожавателите ширум светот да помислат дека сега конечно е време за помирување. Зајдисонце и двајцата само, има ли нешто повеќе што навестува помирување? Сè уште постои љубов.

Кортни Кардашијан пред извесно време објави фотографија од почетокот на нивната романса на нејзиниот Инстаграм профил, што предизвика уште поголеми сомнежи кај обожавателите.

Нивната врска многу се смени во последно време. Тие поминуваат сè повеќе време заедно. Скот отсекогаш ја сакал Кортни и ако таа одлучи да се врати кај него, тој ќе ја чека со раширени раце, изјави извор за „УС Викли“.

Instagram
Instagram

Иако Кортни Кардашијан и Скот Дисик не ги коментираа овие написи, се чини дека нивната врска оди во вистинска насока. Тристан и Клои, Ким и Канје, а сега и Кортни и Скот, се чини дека сите парови ќе можат да најдат заеднички јазик и да продолжат таму каде што застанаа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот