Снеже Влеков - Фото: Инстаграм/СнежеВелков

ФОТО | Снеже Велков со силна порака за животот, болеста и смртта: „Срамота е што нечие отсуство…“

Со емотивна и искрена објава на Инстаграм, водителката Снеже Велков  ги допре чувствата на многумина, отворајќи болно, но вистинито прашање, зошто ние луѓето почнуваме да ги цениме оние личности во нашиот живот дури кога ќе станат кревки, болни или кога веќе ќе ги нема. Објава што не осудува, туку нè тера да застанеме, да се погледнеме во себе и да се запрашаме, дали знаеме навреме да кажеме „благодарам“.

Снеже Влеков – Фото: Инстаграм/СнежеВелков

Во својата објава, Велков напиша:

„Чудно е како болеста ги разубавува, а смртта ги пораснува луѓето. Та ги величаме само кога ќе си отидат, а ги фалиме кога ќе се разболат. Ги разубавува ли болеста луѓето или проклетијата ни ги отвора очите за доблестите и вредностите, за честа и посебноста?! Срамота за нас. За вас. За нив. Што не знаеме на човек убав збор да му кажеме додека е ист наспроти нас! Стана ли покревок и поранлив од нас – тогаш сета убост му ја величаме. Проклети сме ние луѓето, оти само на маката од уста благост даваме. Срамота е што нечие отсуство ни потврдува колку ни било битно нивното присуство …“

На крајот од објавата, таа порачува дека мислите се посветени на „сите оние кои заминаа, а не ја добија вистинската потврда за својата големина“.

Објавата предизвика бројни реакции и коментари, а многумина се согласија дека зборовите на Велков се болна, но искрена слика за тоа колку често знаеме да ги цениме луѓето дури кога е предоцна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот