Бебе Реџа/Фото: Принтскрин/Инстаграм

ФОТО | Пејачката со потекло од Македонија објави конкурс за момче: „Мора да е побогат од мене, не сакам да плаќам половина од сметката“

Пејачката со корени од албанско семејство од Македонија, Бебе Реџа, одлучила својата потрага по партнер да ја подигне на ново ниво – побарала помош од своите обожаватели.

Во објава на „Икс“, Бебе ги замолила своите обожаватели да ѝ помогнат да најде „татко за бебе“ (маж со кое ќе добие дете) и им дала детален список на барања што кандидатот мора да ги исполни.

„Реџарси. Имате мисија“, напишала 36-годишната Реџа. „Пронајдете ми татко за бебе“. „Еве што барам“, продолжила поп-ѕвездата, објаснувајќи ги своите критериуми. Кога станува збор за изгледот, таа рекла дека е „добро шест или седум“ на скала од еден до 10. „Личноста ми е клучна“, објаснила пејачката.

 


Кога станува збор за висината, на Реџа не ѝ треба „некој висок“, туку само „повисок од себе“, па затоа сите кандидати високи 173 см  и повеќе се прифатливи. Таа била особено детална кога се во прашање финансиите и кариерата. Пејачката навела дека идеалниот маж „мора да биде успешен и не смее да биде паразит“.

„Мора да биде побогат од мене или еднаков. Не им плаќам на мажите ниту правам 50/50“, додала таа.

Покрај тоа, таа ја изразила својата желба за „некој што има добра личност“ и „добар морал“, а исто така треба да биде „паметен и амбициозен“. Списокот го заклучила со повикот: „Испратете ми опции“.

Обожавателите го сфатиле повикот сериозно. Еден од нив ја прашал дали треба да ја „спои со неговиот татко“, на што Рекса кратко одговорила: „Да“.

Некои обожаватели дури ѝ ги понудиле и своите услуги.

„Мојот дм е отворен“, „Здраво, девојко, јас сум вистинскиот“, се само некои од коментарите…

Се чини дека пејачката веќе извесно време бара партнер. Минатиот месец објавила фотографии од себе во фустан со опис: „Во моментот прифаќам пријави за сезоната на врски“.

Реџа минатата година ја поврзуваа со архитектонскиот инженер Симос Љакос, а пред тоа беше во врска со Кејан Сафјари до јули 2023 година.

Кога станува збор за професионални новости, „Билборд“ објави дека пејачката неодамна потпишала договор со нова менаџерска компанија, што би можело да значи дека наскоро пристигнува и нова музика.

Инаку, американската музичка ѕвезда Бебе Реџа е со етничко албанско потекло од Македонија, чија мајка е од Гостивар, а таткото од Дебар. Реџа пред една година објави на својот инстаграм-профил покажувајќи дека дошла во посета на Дебар и сподели неколку фотографии и видеа од моментите со своите роднини.

ВИДЕО: Бебе Реџа горда на своето потекло од Македонија, пристигна во Приштина на Сани Хил фестивал

ФОТО | Бебе Реџа се врати во Дебар и порача: „Албанија, Косово, Црна Гора, Македонија, Прешево – сите се мојата Албанија“

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот