ФОТО | Слатка скопска приказна: Улица, две вредни момчиња и неодоливо вкусни пуканки!

Фото: Фејсбук

Налетавме на неодоливо слатка скопска приказна… Имено две вредни и чесни скопски момчиња смислиле многу симпатичен начин како да заработат некој денар, па така излегле на улица, преку својата тераса пуштиле кабел за струја и решиле со помош на машинка да прават пуканки за минувачите. Покрај вкусните пуканки, тие мамат и искрени насмевки кај минувачите кои се присетија на едно поранешно време во кое ова беше честа глетка. Нема да можете да одлучите кој е посладок, дали момчињата или пуканките.

Фото: Фејсбук

Приказната во целост и преку фотографии ја раскажа професорката Марија Чичева-Алексиќ. А од нас, едно големо БРАВО момчиња, доаѓаме утре на тазе пуканки!

Ете, ова се најнови Скопски приказни. Децава си пуштиле кабел преку тераса и на машинка прават пуканки и ги продаваат. Ама толку се услужни, деловни и чесни, што ти иде да си речеш: Море, живо е се уште она некогашно Скопје, Скопје од мојата младост.
– Колку ви се пуканките?
– Има за 20 и за 30 денари.
– А ние од колку да земеме?
– Паа за 20.
– Добро, еве ви 100 и не треба кусур. Следниот пат кога ќе дојдам, ќе се пребиеме.
– Ааа, не може така! ( И ни вадат 8 книжни десет денарки и ни ги даваат)
– Е добро де, може ли бар бакшиж да ви дадеме?
– Ааа, не, никако!
Ма срцки се дечињава! Можеби и вие сте ги сретнале кај блокот на Градски Ѕид карши собрание. Не ги одминувајте, ќе ви го разубават денот, напиша таа во објавата на Фејсбук.

Фото: Фејсбук
Фото: Фејсбук

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот