ФОТО | Сите зборуваат за забите на Џони Деп: Ја отвори устата, се насмеа и…

Фото: BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

Отворањето на Филмскиот фестивал во Кан го одбележа враќањето на Џони Деп (59) и премиерата на францускиот филм „Jeanne du Berry“ во кој тој ја толкува главната улога. По седумминутните овации и добрата реакција на филмската критика, се чини дека актерот се враќа во стил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Wassermelone (@sweeneys.revenge)


Деп е една од главните ѕвезди во Кан каде привлекува големо внимание, а еден детаљ на славниот актер ги привлече сите погледи иако се трудеше да го сокрие.

Во пресрет на пресконференцијата, Џони Деп позираше на црвениот тепих пред фотографите и по нивно барање неколкупати се насмевна на камерата. Таа насмевка сите ја забележаа.

Џони им позираше на фотографите претежно без насмевка, но тие сепак успеаја да го уловат во моментот кога се насмевнува и кога ги покажува забите, за што, изгледа, баш и не се грижи. Нивната сиво-жолта нијанса не остана незабележана, а неговите обожаватели се прашуваат како е можно тој да не сака да посети стоматолог и да им го врати стариот блескав сјај.


„Инспириран сум да ги измијам забите, да ги исчистам со конец и да користам четка за јазикот, секогаш кога ќе видам фотографија од Џони Деп во Кан“, „Џони Деп треба да оди на стоматолог. Неговите заби изгледаат нездраво“, „Ако Џони Деп не сака лажни ултрабели заби, не му требаат. Сум видел и многу полошо“, се коментарите кои се појавија на Твитер.

Џони Деп се враќа на голема врата: Неговиот филм ќе го отвори Канскиот филмски фестивал

ФОТО | Француската легенда Катрин Денев официјално го прогласи за отворен Канскиот филмски фестивал

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот