ФОТО | Сите погледи вперени во неа: Ќерката на Хајди Клум ги покажа импресивните облини во минијатурно бикини

Лени Клум и Арис Рачевски / Фото: COBRA TEAM / BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

Лени Клум (20), ќерката на супермоделот Хајди Клум (51), моментално ужива во летото на Сардинија со своето момче Арис Рачевски.

Папараците имаа совршен ден благодарение на младата двојка која не се воздржуваше од јавно прикажување на нежности на плажата. Парот страсно се бакнуваше и на море и на копно, а Арис ниту за момент не престана да ја гледа својата убава девојка со завидни облини.

Фото: COBRA TEAM / BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

Облечена во смело бикини, Лени, која тргна по стапките на мајка си и работи како модел, најмногу внимание привлече со својата одлична фигура.

Инаку, Лени и Арис се во врска три години, живеат заедно во Њујорк и имаат куче.

Фото: COBRA TEAM / BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

Рачевски е една година постар од својата девојка, Американец е, а медиумите пренесуваат дека тој студирал или студира на Харвард и игра хокеј. Сепак, тој има врски со светот на познатите личности бидејќи неговата мајка е Реа Рачевски, основач на агенцијата „Ерли морнинг рајот“ која се занимава со ПР и продукција.

Клум ја доби ќерката во врската со поранешниот лидер на Ф1, Флавио Бријаторе, со кој беше само шест месеци. По раскинувањето со Хајди, тој упорно го негирше татковството. Лени, чија татковска фигура отсекогаш бил пејачот Сил, поранешниот сопруг на нејзината мајка, го запознала својот биолошки татко дури во 2018 година. Оттогаш, таа и Бријаторе успеаја да изградат пристојна врска. Згора на тоа, тој постојано нагласува дека е горд на својата ќерка и ја поддржува Лени кога пред три години таа реши да тргне по стапките на нејзината мајка и да се занимава со манекенство.

Пред неколку дена папараците ја фотографираа Хајди на истата локација во топлес издание, додека ужива со својот сопруг Том Каулиц.

Хајди Клум: Ќерка ми го најде мојот плакар со секс играчки и им го покажа на своите пријатели

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот