Хајди Клум: Ќерка ми го најде мојот плакар со секс играчки и им го покажа на своите пријатели

Фото: Profimedia

Во најновата епизода на поткастот „Call Her Daddy“, легендарната германска манекенка Хајди Клум откри дека нејзината ќерка Лени случајно го нашла нејзиниот „плакар со секс играчки“.

Веднаш штом ја начна таа тема, таа ѝ се јави на својата 19-годишна ќерка и разговараше со неа и со водителката на поткастот Алекс Купер.

„Таа го најде мојот плакар со секс играчки“, изјави 50-годишната манекенка.

„Да, го најдов. Тогаш мислев дека е најдоброто нешто. Им го покажав на моите пријатели и имав толку многу прашања. Ја прашав мајка ми за некои работи. Мислев дека еден предмет е, всушност, микрофон“, изјавила Лени.

Хајди Клум и ќерка ѝ Лена / Фото: BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

Тинејџерката се присетила дека „немала поим“ за што се користат сите овие предмети. Покрај тоа, таа се присетила на тоа дека нејзината популарна мајка била многу лута на неа и ѝ објаснила дека „не може туку така да ѝ чепка по нејзините работи“.

„Им покажав и на пријателите. Прикрадно влеговме во собата на мама и ја отворив фиоката. Дури и снимивме видеа од тие фиоки“, рече таа.

Фото: Инстаграм/ Heidi Klum

Подоцна во интервјуто, Клум беше искрена за нејзиното високо либидо, истакнувајќи дека „сака да има секс со часови“.

„Имам бескраен, жежок и див секс со мојот сопруг“, рече таа кога беше замолена да го опише својот сексуален живот со три збора.

„Мислам дека на жената ѝ е полесно отколку на мажот, мажот мора да биде многу поиздржлив“, објасни таа и додаде дека мажите обично се тие кои не можат долго да издржат.

Да потсетиме, Хајди Клум е во брак со Том Каулиц од 2019 година, а со тоа стана очув на нејзините четири деца – споменатата 19-годишна Лени, 18-годишниот Хенри, 17-годишниот Јохан и 14- годишната Лу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот