ФОТО | Сите ја обожававме секси „чуварката на плажа“ во деведесеттите: 30 години подоцна таа се уште изгледа неверојатно добро!

Фото: Профимедиа

Познатата актерка и 30 години подоцна е во топ форма и има тело на кое би му позавиделе голем број на помлади жени…

Американската актерка, манекенка и пејачка Кармен Електра (48) целиот свет ја памети по улогата на Лана Мекензи во серијата „Чувари на плажата“ која ги обележа деведесеттите.

Кармен пред неколку дена потврди дека со задоволство би се вратила во кожата на Лана во серијата која ја прослави.

„Секако дека повторно би ја глумела Лана. Целосно сум за тоа“, изјави таа во едно интервју, потсетувајќи се со какви опасности се сретнале на сетот, бидејќи тие навистина пливале покрај ајкули со цел ефектот да биде целосен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Carmen Electra (@carmenelectra)

„Сите се трудевме и дававме се од себе. Физички тоа беше напорна работа“, изјави таа.

Ѕвездата од познатата серија денес има 48 години, а на Инстаграм позираше на скалите во својот дом и ја покажа совршената линија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Carmen Electra (@carmenelectra)

Славната убавица беше во центарот на вниманието и поради врската со кошаркарот Денис Родман за кој се омажи во 1998 година во Лас Вегас. Но, бракот потраа само 9 дена. Потоа тие уште неколку пати се смирија, но љубовта заврши без успех.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Carmen Electra (@carmenelectra)

Таа во 2003 година се омажи и за Дејв Наваро, американски гитарист, а нивниот брак потраа три години. Во 2008 година таа се вери за Роб Патерсон, член на метал бендот „Отеп“ со кој се раздели во 2012 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Carmen Electra (@carmenelectra)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот