ФОТО | Синовите на Туна Сејдиу прославија роденден: Пејачката и поранешниот сопруг им организираа тематска забава на децата

Фото: Инстаграм/Туна Сејдиу

Пејачката Алтуна Сејдиу (38) , позната како Туна, го прослави роденденот на нејзините синови Тиан и Зен, кои годинава полнат 7 и 3 години.

Иако подолго време не се заедно, таа и нејзиниот поранешен сопруг Парис Бериша им организираа тематска забава на славениците во детска игротека и сите заедно позираа пред роденденските торти со фудбалски мотиви.

Фото: Инстаграм/Туна Сејдиу

Исто така, пејачката сподели и фотографија од домашната атмосфера за роденденот.

Фото: Инстаграм/Туна Сејдиу

Што се однесува до изборот на облека, Туна отсекогаш имала уникатен стил и свој моден печат. Овој пат, таа се одлучи за бела маичка и кратко црно здолниште, искомбинирани со патики.

Фото: Инстаграм/Туна Сејдиу
Фото: Инстаграм/Туна Сејдиу

ФОТО | Убавата Туна го покажа својот раскош во костим за капење на одмор во Занзибар

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот