Кристијан Рахимовски

ФОТО | Синот на Аки Рахимовски: Во Македонија дојдов анонимно, за да ја посетам баба ми и гробот на Тоше Проески

Македонија му оддаде почит на никогаш прежалениот „македонски славеј“ Тоше Проески, кој на 25 јануари ќе го прославеше својот 41 роденден.

Имено, на иницијатива и покана на министерката за култура на Северна Македонија Бисера Костадиновска-Стојчевска и на градоначалникот на Крушево Томе Христоски за заедно да ја посетат спомен куќата „Тодор Проески“ во Крушево и да запалат свеќи на гробот на никогаш прежалениот музички херој Тоше Проески, во Македонија пристигна и синот на Аки Рахимовски, Кристијан Кики Рахимовски.

На гробот на Тоше, во интимна и многу достоинствена атмосфера со молитви се присетиле на ликот и делата на музичкиот великан, а кого, како што нагласија по тој повод, вечно ќе го славиме и ќе тагуваме по него пеејќи ги неговите песни.

По поканата на министерката за култура, само неколку дена откако во Алејата на великаните на загрепски Мирогој го испрати на вечното почивалишште и својот татко, Кристијан Кики Рахимовски особено бил трогнат од веста што ја дознал при посетата на спомен-куќата на Тоше: дека во Скопје веќе постои иницијатива една улица да се нарече по името на Аки.

Во име на целото семејство Рахимовски, Кристијан ѝ се заблагодари на македонската министерка за култура, како и на сите оние кои го сакаа неговиот никогаш прежален татко Аки.

Во текот на посетата на Македонија, Кристијан ја посетил и својата баба.

Притоа, Кристијан се огласи и по повод гласините дека тој ќе го наследи својот татко во групата „Парни ваљак“.

– Ве молам да ме разберете. Никому, а особено не на мојот покоен татко и на нашето семејство, сега не ни требаат никакви медиумски циркуси. Нему и нам сега ни треба само мир и молитви во душата, затоа и ве молам да останете достоинствени во тоа и да ја испочитувате таа негова и наша желба. Допатував тука анонимно и приватно, најпрво да ја посетам и уште еднаш да ја видам баба ми, а потоа пристигна и повикот од министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска… за што сум ѝ бескрајно благодарен и почестен. Затоа, навистина не е ниту време ниту место за медиумски шпекулации и тези кои сега ги преплавуваат социјалните мрежи за тоа како ќе го „наследам“ татко ми во „Парни ваљак“, бидејќи мојот татко никој не може да го замени, па ниту јас. Ако некој некогаш ме покани некаде да испеам песна или две на татко ми, јас тоа секогаш со задоволство ќе го направам и од длабочината на душата, но немам намера да ја градам својата кариера на името на татко ми, ако ме разбирате … Кога малку ќе го оттагувам татко ми и ќе соберем сили, ќе влезам во студио и ќе продолжам по својот пат, компонирајќи и пеејќи ги своите песни, бидејќи тоа би го сакал и мојот татко – порача Кристијан Рахимовски.

ФОТО: Синот на Аки Рахимовски го посети гробот на Тоше

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот