Киднапираниот Игор Коморов/Фото: Икс

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ФОТОГРАФИИ | Син на украински мафијаш бил киднапиран на Бали, се испитува распарчено тело

Младиот Игор Комаров, син на украински криминалец, беше киднапиран пред неколку дена во Индонезија и неговата судбина е непозната оттогаш.

28-годишниот Украинец наводно бил киднапиран на Бали на почетокот на февруари 2026 година, а видеото со барањето за откуп од 10 милиони долари – на кое е видливо претепан – било објавено на 21 февруари.


Вчера, човечки останки беа пронајдени на плажа на Бали, а властите истражуваат можна поврзаност со киднапирањето на Комаров.

Според украинскиот новински веб-сајт unn.ua, делови од тело – глава, десна нога, фрагменти од ребра, бут и дел од внатрешни органи – биле пронајдени од локалните жители на 26 февруари, на устието на реката Вос.

Според прелиминарните информации, смртта се случила пред околу три дена.

Полицијата добила отпечатоци од прсти и ДНК од распарченото тело, додека на еден од пронајдените делови од телото, истражителите пронашле тетоважа со римски броеви, слична на онаа што наводно ја има Комаров.

Дополнително, од мајката на младиот човек е земен примерок од ДНК за компаративна анализа, со цел да се идентификува телото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот