ФОТО | Сиљановска-Давкова пречекана во Словачка со највисоки државни и воени почести

На официјална церемонија со највисоки државни и воени почести, денеска, во Братислава, претседателот на Република Словачка Петер Пелегрини, ја пречека македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова. Како што информираат од кабинетот на претседателката, двајцата државници потоа одржале тет-а-тет средба по што следел пленарен состанок на македонската и на словачката делегација.

Фото: Кабинет на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова

„Во фокусот на разговорите беа оценката и унапредувањето на билатералните односи, со акцент на политичката соработка, нашата маратонска евроинтеграција и словачката поддршка во процесот. Предмет на дијалогот беа и: економската соработка, трговската размена и инвестициите, како и можностите за засилено партнерство во енергетиката, инфраструктурата, туризмот и иновациите. Соговорниците разменија мислења и за актуелните безбедносни и геополитички состојби во Европа, соработката во рамките на НАТО, како и потребата од стабилност и јасна европска перспектива на регионот“, информираа од кабинетот на претседателката.

Сиљановска-Давкова преку социјалната мрежа Фејсбук порача дека поддршката на Словачка е особено важна за македонската евроинтеграција.

„Благодарам за топлиот и пријателски пречек од страна на претседателот на Република Словачка, Петер Пелегрини. Мојата прва официјална посета на Словачка е уште една потврда на одличните и пријателски односи што ги негуваат двете држави. Особено е важна словачката поддршката на нашата европска интеграција, но и економската соработка, трговската размена и инвестициите, покрај традиционално добрите односи во образованието и културата, како и развојот на македонската демократија со словачка подршка“, напиша претседателката.

Фото: Кабинет на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова

Во рамките на официјалната посета предвидено е претседателката да оствари средба со претседателот на Националниот совет на Република Словачка, Рихард Раши, како и со потпретседателот на владата на Република Словачка и министер за одбрана, Роберт Калињак.

Мицкоски тргна кон поранешните раководства на безбедносните агенции

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот