Сиена Милер и Оли Грин / Фото: Profimedia

ФОТО | Сиена Милер e бремена на 43 години: Во проѕирен фустан го прошета трудничкиот стомак на црвениот тепих

Британската актерка Сиена Милер со месеци беше далеку од очите на јавноста, а причината за тоа ја откри на доделувањето на Модните награди во Лондон. Имено, актерката која зрачеше со позитивна енергија, го покажа својот трудничи стомак на црвениот тепих.

Милер го очекува своето трето дете – второ со актерот Оли Грин, и се чини дека чекаше на церемонијата на доделувањето на Модните награди за да ја објави среќната вест.

Фото: Lucy North / PA Images / Profimedia

Таа блесна на црвениот тепих во проѕирен фустан од колекцијата пролет/лето 2026 на „Живанши“. Фустанот имаше носталгичен призвук од 2000-тите, со референци на боемски стил и естетика слична на онаа што во минатото ја популаризираше пејачката Стиви Никс.

Инаку, Сиена има веќе две деца. Својата прва ќерка, Марлоу Стариџ, ја доби во 2012 година со нејзиниот поранешен партнер Том Стариџ. Тие беа во врска од 2011 до 2015 година.

Фото: Doug Peters / Alamy / Profimedia

Таа го доби своето второ дете – девојче, со актерот и модел Оли Грин,  што го потврди за медиумите на почетокот на 2024 година. Двојката сè уште јавно не го откри името на нивната ќерка.

Откако го добија нивното прво заедничко дете, Милер отворено зборуваше за нивната врска и за разликата во години меѓу нив. Во јуни 2024 година, Милер изјави за „Харперс Базар“ дека „не очекувала дека ќе го сфати сериозно“ во раните денови од нивната романса.

ФОТО | Сиена Милер со гол труднички стомак на црвениот тепих во Лондон

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот