ФОТО | Сидни Свини приреди спектакуларна роденденска прослава: На забавата беше новото момче, но и Безос и Лорен
Холивудската актерка Сидни Свини го прослави својот 28-ми роденден со забава полна со ѕвезди во Лос Анџелес. Темата на забавата беше вселената, а меѓу гостите беа и основачот на Амазон, Џеф Безос, и неговата сопруга, новинарката Лорен Санчез, пишува „Дејли мејл“.
Препорачано
View this post on Instagram
Забавата се одржа на 27 септември во Лос Анџелес, а славниот пар се погрижи нивниот моден избор да биде во согласност со пригодата. Џеф, 61, оддаде почит на својата компанија „Блу Ориџин“ носејќи темно сина јакна со логото на брендот, додека Лорен, 55, блескаше во метален мини фустан без прерамки. Самата славеничка, ѕвездата на „Еуфорија“, носеше сребрен корсет фустан со светкави детали.
На списокот на гости беа и голем број други познати лица, вклучувајќи ги раперите SexyyRed и Wiz Khalifa, DJ Diplo и колегата на Сидни, Глен Пауел. Меѓу гостите беше и музичкиот менаџер Скутер Браун, со кого се шпекулира дека актерката се гледа неодамна.
Интересно е што Сидни можеби им ја должи својата нова романса на Џеф и Лорен, бидејќи и таа и Скутер Браун беа гости на нивната луксузна свадба во Италија овој јуни, кратко пред веста за нивната врска да стане јавна.


