Сидни Свини - Фото: AFF, AFF / Alamy / Profimedia

ФОТО | Сидни Свини не остави ништо на имагинацијата: На црвениот тепих се појави во „гол фустан“ без градник

Актерката Сидни Свини привлече внимание на синоќешниот настан „Моќта на жените“ на „Варајети“ (Variety Power of Women:Los Angeles) во Беверли Хилс. 28-годишната ѕвезда номинирана за Еми пристигна на црвениот тепих во смела проѕирна тоалета која не оставаше многу простор за имагинација.

Свини се појави на настанот за да го промовира својот нов филм „Кристи“.

Сидни Свини – Фото: AFF, AFF / Alamy / Profimedia

Веќе некое време, Сидни е трн во окото на многу актерки кои тврдат дека нема талент, туку дека добива улоги поради својот изглед.

„Имам најубави гради во Холивуд, па што“, изјавила Сидни Свини во неколку наврати, која ги користи своите пет минути и прави сè што е во нејзина моќ за да ги добие најдобрите улоги.

Сидни Свини – Фото: Patrick T. Fallon / AFP / Profimedia

Па така, таа го доби целото внимание кога се појави на свадбата на Џеф Безос и Лорен Санчез. Се чини дека нејзините менаџери смислиле совршен план Сидни да се сретне со „шефот“, човекот кој ќе ги снима филмовите во кои Сидни ќе глуми. Се покажа како полн погодок, бидејќи младата актерка го привлече вниманието на целиот свет кон себе. Нејзината смелост резултираше со тоа што Лорен Санчез дојде на нејзината роденденска забава, а сега се шпекулира дека Сидни е следната девојка на Џејмс Бонд.

За настанот „Моќта на жените“, таа избра долг, сребрен фустан направен од проѕирен, сјаен материјал кој елегантно ја следи линијата на телото од дизајнерот Кристијан Кован од колекцијата пролет 2026. Горниот дел има малку спуштени ракави до лактите и ги нагласува рамената, додека струкот е дефиниран со набори кои создаваат ефект на драпирање. Фустанот е лелеав кон дното, а Свини изгледа како штотуку да излегла од водата.

Изгледот го комплетирала со сребрени сандали со високи потпетици од Jimmy Choo и боб фризура, која го нагласи гламурозниот изглед и додаде изглед на стариот Холивуд.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот