Швеѓанката Мари Густавсон - Фото: Фејсбук

ФОТО | Швеѓанка роди тројки на 50-годишна возраст

Швеѓанката Мари Густавсон, која веќе имала четири сина, на 50 години посакала уште едно дете – но наместо едно бебе, добила тројки, пренесува српски „Еуроњуз“.

Чарли, Лорин и Лара се родени со итен царски рез во градот Удевала, во Шведска. Двете девојчиња и момчето се во добра здравствена состојба, како и нивната мајка, иако бременоста била оценета како високоризична поради нејзината возраст.

Швеѓанката Мари Густавсон – Фото: Фејсбук
Швеѓанката Мари Густавсон – Фото: Фејсбук
Швеѓанката Мари Густавсон – Фото: Фејсбук

Иако природно зачнување во овие години не е невозможно, тоа е исклучително ретко. Затоа Мари и нејзиниот сопруг Кони (59) се одлучиле за вештачко оплодување на Кипар, каде третманот чинел околу 5.500 евра.

„Не мислевме дека ќе успее од првпат, па префрливме три ембриони за да ги зголемиме шансите“, раскажала Мари.

Лекарите процениле дека веројатноста сите три ембриони да се развијат е само пет проценти – но сите преживеале.

Подоцна бременоста била означена како исклучително ризична, а лекарите дури ѝ советувале да не ги носи сите бебиња до крајот на терминот.

Иако при раѓањето тежеле меѓу 1.000 и 1.500 грама, тројките напредуваат добро.

Семејството Густавсон сега има седум деца, а Мари вели дека мајчинството на 50 години ѝ е полесно отколку кога била помлада.

„Повторно да станеш мајка на 50 години не е проблем. Сега ми е полесно отколку кога бев помлада и немав искуство со бебиња“, заклучила таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот